Иако досега се знае само за убиствата врз Муслиманите кои се случиле во Сребреница, за кои историјата ќе суди дали било геноцид, во јавноста деновиве беше обелоденет документ кој докажува дека масакр имало и врз другата страна.
Тогашниот амбасадор на СРЈ Југославија, Дарко Танасковиќ во седиштето на ЦИА однел документ во кој со докази бил наведен масакрот кој се случил врз 1.000 Срби во 1993 година во реонот на Сребреница.
Документот веднаш исчезнал и му се губи секаква трага а амбасадорот решил да проговори во јавноста.
Во извештајот сите убиени Срби биле попишани со име и презиме, исто како и разрушените села и грабната стока.
Comments are closed for this post.