Беким Јашари, внукот на oсновачот на УЧК Адем Јашари, вели дека е дојден моментот „Албанците конечно да доминираат“ во целата покраина.
Сега е вистинската можност да ги протераме сите преостанати Срби од Косово и конечно целосно да доминираме со целата наша земја!
Беким Јашари во својата објава на Фејсбук профил вели дека имаат уставна обврска на Косово е да го прошири државниот суверенитет на секој агол од својата територија“.
„Никој од Србија не може да му наштети или да му се закани на Косово. Подготвени сме како држава, но и како општество да станеме господари на нашата земја, живеејќи во склад со аманетот на хероите и мачениците на слободата. Дејствијата на полицијата на север не треба да се толкуваат поинаку отколку како извршување на должностите дефинирани со устав. Проширувањето на државниот суверенитет на секој агол од територијата е обврска која мора да се реализира. Како нова земја, од многуте преговори што ги водевме, направивме болни компромиси во име на одржување на мирот и стабилноста. Европа и другите меѓународни механизми мора да ја согледаат деструктивната политика на Белград и сериозно да се справат со заканите на Србија, кои ја загрозуваат стабилноста на Балканот и пошироко. Барикадите на север мора веднаш да се отстранат, граѓаните таму не смеат да бидат заложници на белградската политика“, напиша Јашари.
Comments are closed for this post.