Десетина автомобили од Србија биле жртви во Грција од организирана група крадци кои обиваат возила со посебна метода, објавува Фејсбук групата „Грчка инфо“.
Една од кражбите се случила пред супермаркер во Никити на семејство кое дошло да испазари. Во возилото ги оставиле сите вредни работи, пасоши камери, пари и влегле внатре во маркетот.
Кога се вратиле во возилото имало што да видат. Сите вредни работи ги немало но возилото не било насилно отворено.
Кога случајот го пријавиле во полиција оттаму и објасниле дека крадците ги отвораат автомобилите со помош на специјален апарат на одалеченост и до 300 метри со што го блокираат далечинското заклучување на возилото. Кога сопственикот ќе се одалечи влегуваат без никаков проблем.
Comments are closed for this post.