Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј од Српската православна црква (СПЦ) е префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица откако вчера беше соопштено дека е позитивен на тестот за ковид-19.

Осумдесет и двегодишниот епископ најпрво престојувал во цетинската болница, каде, според неофицијални информации, направена му била стандардна процедура – земање брис, епидемолошко истражување, клинички преглед и скенирање на белите дробови.

Според медиумите, епископот најверојатно се инфицирал по литургијата за празникот Раѓање на Пресвета Богородица во Кучи. Амфилохиј прославата ја породолжил во друштво со мештаните, а се пееле и световни песни.