Пензионираниот американски генерал Весли Кларк за ABC News изјави дека Србија треба да го признае Косово и дека се гордее со бомбардирањето на Белград.

Kларк, кој во 1999 година беше на чело на силите на НАТО кои ја бомбардираа СРЈ, рече дека е горд на таа операција, која резултираше со мир во т.н. Косово.

– Многу сум среќен што успеавме да донесеме мир и демократија на Косово. Покрај нас, имаше и голема група луѓе кои беа дел од оваа операција, голема оперативна група, бидејќи видовме дека се прави голем криминал и неправда, нечовечко постапување. Сакавме да престане, за луѓето во регионот да имаат мир и безбедност – тврди Кларк.