Рамуш Харадинај, кој пред една недела поднесе неотповиклива оставка на премиерската функција, денеска изјави дека добил писмо од пензионираниот генерал на НАТО Весли Кларк во кое му честита на посветеноста за напредокот и развојот на Косово.:
Кларк беше Генерал на НАТО за време за бомбардирањето на Србија во 1999 година.
Харадинај на својот Фејсбук профил напиша дека Кларк го пофалил за напредокот и развојот на Косово во изминатите години.
Тој вети дека народот на Косово ќе му биде вечно благодарен на генералот Кларк.
Харадинај за денеска закажа редовна седница на владата. Приштинскиот весник „Коха“ пишува дека Харадинај, по враќањето од сослушувањето во Специјалниот суд во Хаг за злосторства на таканаречената ОВК над Срби и други неалбанци, се однесува како во меѓувреме ништо да не се случил
Comments are closed for this post.