Васил Стерјовски е пратеникот кој го одржа првиот говор на македонски јазик во албанскиот парламент.

Пратеникот од македонска алијанса за европска интеграција ова го оцени како историски настан за македонците во Албанија.

Тој од говорницата рече дека достојно ги претставувал сите граѓани од округот на Корча и дека во својот мандат се борел за подобрување на условите за живот и работа на македонците во Албанија.

Албанскиот парламент е пред распуштање поради изборите на 25 април, а Стерјовски е на кандидатската листа на социјалистичката партија  во изборната единица Корча.