Денеска се уапсени две лица осомничени дека со автомобил ја згазиле малата Данка , а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Ккриминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

 

– С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путник“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишна Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот .