Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети Бугарија за отворањето на интерконекторот со Грција, изјави самата за бТВ.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Фон дер Лајен прокоментира дека рускиот претседател Владимир Путин во последните месеци гасот го користел како оружје.
-Сите 27 земји-членки се согласија дека треба да се бараат други извори на енергија освен руските, за ЕУ да се ослободи од оваа зависност. Со тоа почна актуелната енергетска криза во Европа, категорична беше шефицата на ЕК.
Причината за енергетската криза е војната на Путин во Украина, додаде таа.
Според Фон дер Лајен, многу е важно да се бараат алтернативи.
-Ќе бидам во Бугарија за отворањето на интерконекторот со Грција. Ова е добра одлука да се бараат сигурни извори кои не користат гас како оружје, рече Фон дер Лајен
Comments are closed for this post.