Драган Блануша, управник на затворот во Белград по 20 години се присети на денот кога го донеле Слободан Милошевиќ. Тој вели дека никогаш нема да го заборави она што му го рекол кога го видел.
Е мој Милошевиќ, каде дојде-му рекол на поранешниот претседател.
Влегов во келијата и тој лежи покриен со кебе. Спие и не мрда. Синиот мантил му беше закачен на закачалка. Доручекот стоеше нечепнат, леб, варени јајца и мармалад.
Кога стана ми рече:
Управниче дојдете вечер и донесете виски. Јас навистина донесов-се присети Драган.
Тој вели дека странски медиуми му нуделе стотици илијади долари за една фотографија од Милошевиќ во келија но оти тоа не го дозволил. И навистина таква фотографија никогаш не излезе во јавност.
Comments are closed for this post.