Над Јонското море се развива циклон кој наликува на тропска бура, кој до сабота би можел да се претвори во најсилниот забележан медитерански ураган, односно медикан од втора категорија.
По циклонот Ксенофон кој донесе бури и снег на Олимп, сега на Грција и на Турција им се заканува циклонот Зорба.
„Severe Weather Europe“ на својата интернет страна денеска пишува дека сите модели потврдуваат раѓање на ураган кој би можел да се формира денеска вечер или утре наутро.
Постои можност на својот пат во сабота да удри на грчкиот брег, загрозен е и островот Крит, потоа во недела би можел да продолжи кон Егејското море и западните брегови на Турција.
Од таму истакнуваа дека моделот за Европскиот центар за среднорочни прогнози на времето укажува на формирање длабок циклон во Јонското море во сабота.
Точната положба допрва треба да се дефинира, меѓутоа пости поприлично општо сложување дека медикенот ќе се формира, пишува „Severe Weather Europe“.
Додаваат дека формирањето на ураган во Јонското море го потврдуваат моделите GFS, ECMWF i ARPEGE, со тоа што последниот укажува на поагресивни и брзи ветрови кои во сабота попладне ќе се приближат кон грчките брегови.
Comments are closed for this post.