Момче од Пловдив кое има 16 години направило бомба со експлозив тежок 14 килограми. Негова цел било училиштето во Пловдив.
Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање ДАНС информира дека станува збор за ученик, кој се радикализирал. Потоа е извршен претрес на две простории кои ги користело детето, кое инаку е ученик во елитна гимназија во Пловдив и е од добро ситуирано семејство. Заменикот – главен обвинител Гешов го оквалификува како „супер интелигентен“. При претресот пронајдени се подготвени и во изработка експлозивни направи. Една од тие експлозивни направи е како оние кои најчесто се користени во бомбашките напади во САД. Исто така постои и експлозивен уред во процесот на подготовка, т.н. бомби со нокти. Супстанцијата за правење на таква бомба е употребено за некои од нападите во Белгија, Франција и Сарафово. – Супстанцата што се користише во Сарафово е помеѓу 2 и 3 кг, а сега станува збор за 14,5 килограми од оваа материја, истакна Гешев. Тој уште додаде дека ученикот бил врбуван од терористичката „Исламска држава“.
На 16-годишно момче треба да му помогнат специјалисти во изолирана средина. Затоа воведовме мерка вчера, не заради кривична одговорност, детето да биде сместено во специјализирана установа, каде со него ќе работат специјалисти, психолози и психијатри, истакна бугарскиот заменик главен обвинител.
Comments are closed for this post.