Добросав Гавриќ непосредниот убиец на Жељко Ражнатовиќ Аркан денеска слободно живее во Јужна Африка 24 години по ликвидацијата. Тој е поранешен полицаец од Лозница.
На крајот на 2011 година Гавриќ беше уапсен во Јужноафриканската Република, но не по потерница на Србија.
Гавриќ продолжил да се занимава со криминал во Африка, а бил уапсен како возач на африканскиот крал на подземјето Сирил Бико, кој беше убиен во март 2011 година. Сепак, идентитетот на Гавриќ не беше веднаш откриен (тој и се претставил на полицијата како Саша Ковачевиќ) и прво бил пуштен од притвор.
Набрзо повторно бил уапсен поради поседување кокаин, а потоа било утврдено дека тој е убиецот на Аркан.
Но, иако српските власти тоа го побараа, Гавриќ се уште не е екстрадиран во Србија. Полицаецот од Лозница, пак, прво се борел против екстрадиција по легален пат, а потоа поднел барање за политички азил во Јужноафриканската Република.
Во таа молба убедувал дека не го убил Аркан и дека „само Слободан Милошевиќ има моќ да направи такво нешто“. Неговото барање за политички азил било одбиено, но екстрадицијата до денес не се случила, па Гавриќ живее во Јужна Африка како слободен човек.
Comments are closed for this post.