Пит Михалик, познат адвокат од Јоханесбург и адвокат на убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ убиен е утринава пред приватното училиште во Грин Поинт, во Јужна Африка, додека ги водел децата во училиште. Михалик е ликвидиран со пукање во главата, а убиецот, после заседата заминал со метлик сиво поло. Според некои информации ранет е и осумгодишниот син на адвокатот, кој со сестра му бил во автомобилот.
Михалик во адвокатските кругови е познат по тоа што застапувал голем број мафијашки водачи. Неговото убиство се поврзува со убиството на адвокатот Нурудин Хасан кој исто така работел на случајот Гавриќ.
Ова е уште едно од низаата ликвидации кои во Јужна Африка се поврзани со Срби.
Добросав Гавриќ, осуден е на 35 години поради убиство на Аркан Ражнатовиќ и двајца негови пријатели Миленко Мандиќ и Драган Гариќ Гагиќ, се уште се наоѓа во домашен притвор во Јужноафриканската Република, каде е уапсен во декември 2011 година, а тамошните власти не го испорачуваат на Србија, за што многу придонел и убиениот адвокат.
Comments are closed for this post.