Полицијата во албанскиот град Подградец уапси 47-годишен маж откако киднапирал македонски државјанин поради долг.
Според полициското соопштение, припадниците на Одделот за криминал при полициската станица во Подградец, А.Т. е уапсен поради постоење основи на сомнение дека го киднапирал македонскиот државјанин Д.С.
Македонецот бил киднапиран поради фанански долг што го имал кон пријател на А.Т. кој пак гарантирал дека „ќе ја заврши работата“.
Случајот е предаден на понатамошна надлежност на Обвинтелството за тешки кривични дела во Тирана.
Не се наведува од каде е македонскиот државјанин и колкав износ на пари долгувал
Comments are closed for this post.