Хрватскиот историчар Стјепан Лозо во својата книга „Идеологијата и пропагандата на великосрпскиот геноцид врз Хрвтаска“ тврди дека за време на Втората светска војна, Србите извршиле злосторства во Независната Држава Хрватска (НДХ), којашто беше сојузник на нацистичка Германија, пренесува „вечерње новости“.
Како што наведуваат од весникот, во таа книга се наоѓа тврдењето на авторот дека „е потполна измислица дека летото 1941 година биле убивани Срби во Госпиќ, Глина, Грахово, Кореново и Грачац“ и дека тоа е „клевета од Српската православна црква“. Исто така, историчарот од Сплит, тврди и дека „недолжните Усташи биле жртви на српската агресија во 1941 година“.
Ги наклеветија Хрватите за геноцид врз Србите со превентивна пропаганда, со умисла, веќе во јуни 1941 година, а потоа го почнаа геноцидот над Хрватите – пишува Лозо.
Како пример за „настраноста и расипаноста на таквата пропаганда на СПЦ“ овој историчар го наведува „случајот од которски Лапац, кога СПЦ ги клевети Хрватите дека ги истребиле Србите, додека вистината е сосема спротивна – Србите речиси целосно ги истребиле Хрватите“.
Во јуни 1941 година, почнува српскиот бунт во НДХ, а во Источна Херцеговина масовно страдаат недолжни Хрвати“ – пишува Лозо, притоа тврдејќи дека „првото геноцидно злосторство на просторот на НДХ“ го извршиле Србите во Автовац.
Како што наведуваат вечерње новости, Лозо објаснува дека стигнал до тврдењата изнесени во книгата по 15 години истражување.
Comments are closed for this post.