Руската компанија „Газпром“ донесе одлука гасоводот „Турски поток“ да ја продолжи својата траса низ Европа преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка, тврди московскиот весник „Комерсант“.
Според весникот, првите испораки на гас за Бугарија и Србија би почнале во 2020 година, а во Унгарија рускиот енергенс би почнал да пристгиува една година подоцна.
Со ова „Газпром“ од 2022 година во целост ќе ја запре дистирбуцијата на „синиот енергенс“ преку Украина, додава московскиот весник.
Според „Комерсант“, на овој начин би се добил гасовод, кој речиси е идентичен со „Јужен поток“, чија изградба „ја спречи Европската унија во 2014 година под притисок на САД“.
Сепак, овој пат ќе биде драстично потешко да се влијае за прекин на проектот, бидејќи „Газпром“ во целина ги почитува законите на Европската унија, оценува весникот.
„Комерсант“ додава дека во план е приклучување и на Грција кон гасоводот, но оти засега не е најјасно како ќе биде изведено сето тоа.
Се претпоставува дека Грција ќе се приклучи на кракот преку Бугарија или пак ќе го замени азребејџанскиот гас со руски по завршувањето на изградбата на „Трансјадранскиот гасовод” (ТАП), што исто така е планирано за 2020 година, наведува „Комерсант“
Comments are closed for this post.