Тројца членови на поранешното Претседателство на СФРЈ, Стјепан Месиќ, од Хрватска, Богиќ Богиќевиќ, од БиХ и Васил Тупурковски, од Северна Македонија, го комплетираат „Апелот за спас на БиХ“.
Според весникот „Јутарњи лист“, тројцата планираат да го испратат документот до клучните инстанци во и надвор од БиХ каде се одлучува за земјата, но ќе го упатат и до „сите засегнати“, како и до пошироката јавност.
Како што објави хрватскиот неделник „Национал“, Месиќ, Богичевиќ и Тупурковски во својот апел заговараат сосема спротивно решение за БиХ од етничките концепти на Република Српска и ХДЗ БиХ, кои ги поддржуваат властите од Белград и Загреб.
На прашањето како објаснува дека во бошњачките кругови се тврди дека премиерот Андреј Пленковиќ и ХДЗ се далеку подобронамерни кон БиХ од претседателот Зоран Милановиќ, Месиќ рече дека не знае за тоа.
-Но, знаете што, добив порака од таткото на Пленковиќ во која напиша дека јас се среќавам со Милановиќ, а зошто не комуницирам и со неговиот син. Но, Пленковиќ никогаш не ме покани да разговараме или да се видиме, изјави Месиќ, пренесе загрепски „Јутарњи лист
Comments are closed for this post.