Познатиот манастир посветен на светецот Јован Владимир, кај албанскиот град Елбасан, каде што живеат голем број Македонци, го одбележува својот патрон. Во овој божји храм кој се наоѓа во селото Шиjон, се верува дека пред векови започнала православната вера на овие простори.
-По традиција и овој пат на одбележувањето на патронот беа Македонци и православни верници од повеќе делови на Албанија, верници од Македонија, од Црна Гора и од Србија, објавија медиумите.
Додаваат дека прославата на Свети Јован Владимир се одржува секоја година на 4 јуни, додека верници од различни земји преноќуваат во манастирот изграден во негова чест.
-Празникот на Свети Јован Владимир ги зближува луѓето од различни земји и народи, во прекрасен дух на братство и пријателство, кој ги надминува националните граници и етничките и културните бариери, пишуваат медиумите.
Со светата Литургија чиноначалствуваше поглаварот на албанската автокефална православна црква г.г. Јоан, кој до верниците пренесе најдобри желби.
Во април 2021 во манастирот беше одржана и церемонија и положување на моштите на Свети Јован Владимир кои дотогаш се чуваа во Националниот историски музеј во Тирана. На церемонијата тогаш присуствуваа премиерот Еди Рама и тогашната министерка за култура, Елва Маргарити.
-Дојдовме да завршиме процес на обврска кој заедно го започнавме многу одамна, и предавањето на моштите од Свети Јован Владимир, за кои откривме дека се наоѓаат во нашиот музејски фонд во Тирана. Тоа е симболичен гест, бидејќи отсекогаш сме биле горди на верскиот соживот и целата интеракција што ја има државата со заедницата, но и со почит кон култните светињи и оваа соработка на релација држава-верски заедници ќе продолжи и понатаму, изјави тогаш министерката Маргарити.
Според записите Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самуил за ќерка му Косара, се здобил со силен култ во западна Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете. Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета и Далмација, во еден период влегол во судир со царот Самуил при што бил заробен. Додека бил во затвор во него се вљубила ќерката на Самуил, Теодора Косара, по што тој се оженет со неа и бил вратен на престолот. Погребан е на местото каде што денеска се наоѓа манастирот.
Во околијата Елбасан живеат над 30 илјади Македонци. Од генерација на генерација се пренесува дека за време на Втората светска војна Италијанците сакале да го однесат кивот на Св. Владимир, но не можеле да го подигнат поради „неверојатната тежина
Comments are closed for this post.