Српските медиуми откриваат нови карта кои датираат по завршувањето на Втората светска војна и содавањето на ФНРЈ. Замислата на Тито била Југославија да се простира на територија многу поголема од таа што ја знаеме од Вардар до Триглав. Како што пишува „еспресо.рс“.

Планот предвидувал Југославија да има делови од Италија, поточно провинцијата Фурланија, пограничната област во Албанија и Бугарија, и она што е посебно интерресно за Македонија, северна Грција сосе Солун.

За ова дури имало поддршка од Велика Британија како одговор на тоа што Бугарија во Втората светска војна се приклучила на силите на Оската. Кој знае какви би биле сегашните граници доколку планот на Тито се остварел.