Денеска е 25 мај или Денот на маршалот како што се нарекуваше во поранешна Југославија. Иако на денешен ден не е роден Јоспип Броз Тито тој го земал како роденден бидејќи на овој ден едвај се спасил во Втората светска војна.
За животот на Јосип се знае речиси се но не и колку деца имал. Тоа верувајте не знае ни самиот Тито со оглед на неговиот бурен љубовен живот.
Неговиот заводнички живот почнал во 1912 година кога оставил трудна некоја Чехиња и избегал а која родила дете кое како германски војник загинало на битката на Козара. Потоа Русинката Ира му родила близнаци но тој не сакал да ги признае. Дарија му го родила наследникот Јосип кој загинал како советски војник. Со сопругата Пелагија во 1920 година го добива синот Жарко од кого го има снукот Јошка кој сега е пратеник во српскит парламент.
Потоа во Москва добил два сина кој никогаш не ги видел исто како и синот Изет од врската со Зухра Реуф.
Во 1941 година го добил вториот законски син Миша од бракот со Херта Хас. во 1942 година со неговата голема љубов Даворјанка го добил синот Славиша кој го дале на посвојување.
Само со последната сопруга Јованка, Тито немаше деца.
Comments are closed for this post.