Хрватскиот неделник „Глобус“ објави документи за еднствената средба помеѓу Јосип Броз Тито и кардиналот Алојзе Степинац. Средбата се случила во Загреб во мај 1945 година веднаш по влегувањето на партизаните во градот. Маршалот го ставил надбискупот во изолација и бил сослушуван шест пати од безбедносните служби.

Една средба била и меѓу нив двајца на 4 јуни 1945 година во Тушканац 63 која била титова резиденција. Црквата и државата ги криеле деталите од средбата а белешката од 17 страни мистериозно исчезнала. Останал само извештајот што е пратен во Ватикан.

Степинац стана актуелен отако папата Франциск одби да го прогласи за светец поради неговото сомнително минато и соработката со усташите.