Во отсуство на каква било шанса за признавање од страна на Србија, единствената реална опција за Косово да стави крај на својата неизвесност е да се спои со Албанија. Тоа е она што и онака го сакаат повеќето косовски Албанци, бидејќи Косово е вештачка креација – држава на која и недостасува нација, вели професорот Тимоти Лес од Центарот за геополитика на Универзитетот во Кембриџ.
Тој оценува и дека на долг рок „Голема Албанија“ е „речиси неизбежна“.
Она што во моментов го спречува е противењето на САД и нивните сојузници кои не сакаат Косово и Албанија да преземат какви било чекори кои би можеле да ја испровоцираат Србија, да предизвикаат конфликт на северот на Косово и да направат преседан што води до распаѓање на Босна и Македонија. Албанија исто така не сака да ја провоцира Србија, многу поголема и помоќна земја. Следствено, повремено се зборува за обединување и многу договори меѓу Косово и Албанија, но малку конкретни чекори кон оваа цел – посочува Лес за „Блиц“.
Comments are closed for this post.