Телеком Србија е една од компаниите што се најсериозно заинтересирани за да го купат албанскиот Телеком. Ова за српските медиуми го потврдиле извори од српската компанија.

Подетални информации за процесот на продажба ќе бидат објавени кога ќе има официјализирани понуди, а како што наведуваат албанските медиуми, во конкуренција се и две бугарски компани, Виваком и Глобул Телеком.

Телеком Албанија, што е вториот по големина оператор во Албанија, е компанија што е во сопственост Дојче Телеком.