Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани во моментов не е подготвен да стави потпис на номинацијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за Нобеловата награда за мир, објавија грчки медиуми.
Причината зошто се противи, тој ја изнесе на утринската сесија на групата европски народни партии (ЕПП) која се одржува во Атина, иако поддршка е добиена од шефовите на групите на социјадемократите, на Зелените и на левицата.
„Не можам да потпишам да му се додели Нобелова награда на премиер пред избори“, истакна Тајани.
Comments are closed for this post.