Претседателот на Косово Хашим Тачи е подготвен за компромис со Србија, со цел да се нормализираат односите.
Во писмото кое му го испратил на претседателот на САД Доналд Трамп, а го објавија косовските медиуми тој се обврзува да ги изврши своите обврски и да апелира до граѓаните да се воздржат од работи кои само ќе го отежнат дијалогот меѓу Косово и Србија.
Ние се трудиме да најдеме долгорочно решение, односно да постигнеме трајно решавање на спорот со кој двете страни ќе се признаат меѓусебно, да се оттргнеме од споровите и Косово да биде дел од ОН, вели претседателот на Косово.
Comments are closed for this post.