Неколку стотина демонстранти го нападнаа кордонот на Жандармеријата, која не дозволува камионот, од кој се слуша обраќањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, да се приближи до зградата на Претседателството.
Тука, како што е најавено, ќе се обрати лидерот на Демократската партија, Зоран Лутовац.
Претставници на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) се собраа денеска пред Претседателството за време на обраќањето на Вучиќ до јавноста и ги блокираа сите три влезови на зградата.
На главниот влез се појавија Борко Стефановиќ и Јанко Веселиновиќ кои во разговор со полицијата побараа да влезат внатре и „да ја кажат својата верзија на вистината“. Стефановиќ истакна дека бараат претседателот Вучиќ да излезе и да се соочи со граѓаните, да му се обрати на народот и да поднесе оставка. Тие порачуваат дека ќе останат и понатаму пред зградата на Претседателството.
Долж целата зграда на Претседателството се распоредени припадници на полицијата, а ситуацијата во еден момент била тензична.
Comments are closed for this post.