Грчката полиција во Солун уапси 58-годишен Грк кој со лажно амбулантно возило нелегално од границата со Турција пренесувал 13 нелегални мигранти.
Уапсениот на обично бело комбе ставил налепници брза помош, а поставил и ротациски светла кои ги искористил во обид да и побегне на полицијата.
По добиените информации од специјалниот сектор за борба со нелегалната миграција од Кавала, полицајците од Солун, вчера, во попладневните часови, го лоцирале возилото на автопатот Егнатија. При сигнализација да застане, 58-годишниот ја зголемил брзината, а за полесно да се пробие меѓу возилата и да побегне, ги вклучил и ротациските светла на „брзата помош”. По полициската потера комбето било запрено, а возачот уапсен.
Во извршената контрола на возилото биле пронајдени 13 нелегални мигранти кои платиле да бидат пренесени од грчко-турската граница во Солун
Comments are closed for this post.