По пауза од пет месеци, на киосците и во маркетите на Грачаница на Косово, се појавија примероци од сите српски дневни весници, објави Радиотелевизија Грачаница.
Во извештајот, се потсетува дека весниците не доаѓаа на Косово поради одлуката на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај за воведување такса од 100 отсто на сите производи што доаѓаа од Србија и од Босна и Херцеговина.
Пред два дена, претставникот на фирмата којашто го дистрибуира печатот на Косово, Звездан Михајловќ, потврди дека таксата од 100 отсто е платена и дека весниците ќе бидат испорачани со голема брзина на целата територија на Косово. Михајловиќ објасни дека нормализацијата на снабдување со весниците доаѓа отакако е постигнато компромисно решение меѓу издавачите и дистрибутерите.
Comments are closed for this post.