Српскиот патријарх Иринеј е примен во болница поради влошена состојба предизвикана од коронавирусот.
Српската православна црква потврди дека тој е хоспитализиран во воената болница Карабурма.
Патријархот е пренесен во болница утрово поради „влошување на хроничната срцева слабост“.
Состојбата на Иринеј се стабилизирала откако примил терапија.
СПЦ информира дека конзилум лекари специјалисти континуирано ја следи здравствената состојба на патријархот Иринеј.
Comments are closed for this post.