Во телефонот на уапсениот Бојан Јовановски, односно Боки 13, полицијата пронашла шокантна преписка со еден српски политичар, пишуваат денеска „Српски Телеграф“.
Според весникот, пронајдени се дури и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење и тие сега се во рацете на истражните органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската на водителот и српскиот политичар има врска со аферата „Рекет“, која со недели ја тресе Македонија, но и регионот.
Полициските инспектори кои го упасиле Боки 13 и му ги одзеле телефоните, буквално биле шокирани кога виделе што се има во него. Меѓу останатото пронајдени се огромен број пораки кои Боки 13 ги разменувал со политичарот од Белград, а имало и неколкиу фотографии и две видео снимки – открива соговорникот од Скопје, вклучен во истргата.
Како што објаснува изворот за весникот, некои од пораките кои ги разменувале Боки 13 и политичарот датираат од деновите кои претходеле на неговото апсење.
Во една од тие пораки Боки 13 најавува дека во најкусо време ќе оди во Србија и дека едвај чека да се видат, а политичарот му одговара дека и тој е нестрплив што побрзо да се видат – наведува соговорникот на „Српски Телеграф“.
Како што тврди весникот, се работи за српски политичар кој често патува и објавува фотографии од различни дестинации, а пред неколку месеци објавил на социјалните мрежи токму фотографија од Скопје
Comments are closed for this post.