Српски државјанин (31) е уапсен во Милхајм, Германија, поради сомнение дека на сред улица ја избодел сопругата (34), која еден ден подоцна починала во болница.

Според Билд, злосторството се случило во вторникот во 19.30 часот, а несреќната жена починала по неколкучасовна борба на лекарите за нејзиниот живот.

– Во вторникот вечерта граѓаните повикале полиција и пријавиле дека жената лежи избодена на улица. Кога пристигнале патролите и лекарите, затекнале млада жена како лежи пред станбена зграда, додека околу неа биле расфрлани торби и чевли – наведува Билд.

Истрагата утврдила дека Србинот ја чекал сопругата со која се развел во близина на зградата во која живее.

-Кога дошла од пазарење налетал на неа и почнал да ја боде на сред улица. Очевидци кои се нашле таму веднаш повикале помош. Болничарите ја нашле жената во локва крв и веднаш ја пренеле во болница – пишуваат медиумите:

 

Пронајден е ножот со кој ја искасапил жената, а ноќта ја поминал во притвор, по што бил донесен на распит.