Двајца полски туристи биле спасени од премрзнување откако повеќе од три часа на големото невреме биле заглавени на островот Свети Никола во Црна Гора.

Спасувањето го извршила екипа на Управата за поморска безбедност на Црна Гора, а на островот Полјаците дошле со неидентификувано такси бротче од Будва. Како што изјави директорот на Управата, Сафет Кочан, тој ќе инсистира кај полицијата и пристанишната капетанија во Будва да покренат истрага за овој случај.

Полскиот пар немал каде да се засолни на островот и кога виделе дека по нив не дошол бродот што ги однел до таму, се испаничиле и повикале полиција. Кога спасувачите дошле по нив тие веќе биле премрзнати.