Бизнисменката од Ниш Јована Марјановиќ (54), која на 26 декември беше пронајдена мртва на Златибор по четиридневна потрага, наводно била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг Зоран Марјановиќ, тврдат нејзините пријатели.
Иако, како што велат познавачите, обдукцијата утврдила дека Јована не е убиена, нејзините ќерки и најблиските пријатели сметаат дека за трагичниот исход придонел тоа што таа „трпела притисок од нејзиниот поранешен сопруг, кој наводно психички и физички ја малтретирал со години“. Дека починатата имала сериозни проблеми и била под притисок потврдиле и нејзините ќерки, а една од нив за Курир завчера изјавила дека „Јована била под притисок од поранешниот сопруг поради некаква машка суета и дека полицијата била известена за сите детали“.
Никаков брак
Зоран Марјановиќ и Јована беа со години во брак, имаат три ќерки, а Зоран чекал да му роди син. Нивниот брак наводно од самиот почеток бил лош, страдала и се борела со тоа. Низ што поминала знае само таа, а беше исклучителна жена, убава, способна, спортистка. За жал, Зоран беше крајно љубоморен – со тага раскажува познаник на Марјановиќ.
Comments are closed for this post.