Лидерот на Српска листа, Горан Ракиќ изјави дека со усвојување на законот за формирање војска на Косово, Приштина на најгруб начин ги нападна мирот и безбедноста, повикувајќи ги Србите да бидат воздржани и да не наседнуваат на провокации.
Денеска во Приштина, во присуство на сите меѓународни претставници пред очите на ЕУ, ОН и сте во светот, се погазени Повелбата на ОН, Резолуцијата на Сб на ОН 1244, Кумановскиот договор и меѓународното јавно право, истакна Ракиќ на прес-конференција по седница на Кризниот штаб.
Тој нагласи дека со денешната одлука Косово покажало дека не сака мир и предупреди дека КФОР е единствената сила на која и е даден мандат да носи оружје и има обврска да гарантира безбедност во северниот дел на Косово, но и во српските средини јужно од Ибар.
Имам јасна порака за Приштина и меѓународната заедница дека нема да наседнуваме на провокации, но ќе се бориме за мир. Не сме исплашени и ќе останаме тука. Оваа одлука во Приштина, со која е загрозена Резолуцијата 1244, за нас е неприфатлива и апсолутно ја отфрламе. За нас нема никакви сили, нагласи лидерот на Српска листа.
Comments are closed for this post.