Држајавнин на Албанија се наоѓа во процес на приватизација на својот имот повеќе од 25 години, меѓутоа, иако се чинело дека неговиот случај никогаш нема да биде решен, сега добил адекватна понуда.

На снимката која овие денови исплива и кружи во јавност и медиумите, државна службеничка на министерството за финансии, Мона Аликај му понудила помош – но не на начин кој очекувал.

Имено, Мона на снимката објаснува дека може да го реши неговиот случај за 800.000 леки, односно 6 илјади евра, но дека министерот за финансии сепак бара милион леки, односно повеќе од 8 илјади евра.

-Случај кој трае повеќе од 25 години, ќе биде решен за 5 месеци, може? – прашува Мона.