Словенија денеска го прославува Денот на независноста и единството. На денешен ден во 1990 година се одржа референдум за независноста на државата. Тогаш на граѓанското изјаснување излегоа 93,2 отсто од гласачите, а „за” независност на Словенија од поранешната СФРЈ гласале високи 89 проценти од граѓаните.
Обележувањето на големиот државен празник почна со отворање на вратите на претседателската палата, така што секој граѓанин кој има желба може да влезе и да ги види работните простории на претседателот Борут Пахор и неговите соработници, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Пред претседателската палата во текот на целиот ден ќе биде построена и почесната гарда на словенечката Армија.
Целиот државен врв испрати честитки до граѓаните по повод големиот празник, со потсетување на тоа што се случи на денешен ден пред точно 29 години.
Comments are closed for this post.