Словенечкиот сурфер, по кого се трагаше од понеделникот откако исчезна во Јадранско Море кај хрватскиот град Умаг е пронајден во Италија. Во текот на ноќта и денот во море тој минал околу 40 километри.
Италијанските меидуми јавија дека сурферот, откако 26 часа минал во студената морска вода, на брегот излегол сам, околу 18 часот. Откако испливал на плажата Коста деи Барбари, кај местото Систина на 19 километри од Трст, влегол во блиското кафуле од каде била повикана Итна помош. Потоа е превезен во болница, каде му е пружена лекарска помош поради хипотермија.
Во кафулето видов маж, на возраст од околу 40 години, во облека за сурфање со збунет израз на лицето. Тој кажа дека од Умаг допливал до тука. Не знам како успеал да се избори со силниот ветар и големите бранови. Повикавме Брза помош и тогаш дознав дека човекот го бараат од понеделникот. Тој успеа да ни го каже името и телефонскиот број за да јавиме на неговата сопруга. Јас останав без зборови поради огромната сила на тој човек – изјави една жена, која била меѓу првите која му помогнала на Словенецот.
За потсетување, 47-годишниот професор по физичко воспитување, Горан Јабланов од Љубљана во понеделникот исчезна во текот на попладневните часови со пријател од Хрватска. Набрзо откако почнале да сурфаат, поради силниот ветер обајцата исчезнаа во морето. Силниот ветар им ги искинал едрата, а температурата на морето била 17 степени. Хрватот е пронајден во понеделникот навечер, а потрагата по Словенецот продолжи се додека дозволуваа временските услови. Во потрагата по него учествуваа спасувачки тимови од Хрватска, Словенија и Италија, а беа вклучени и хеликоптери и авиони.
Според нашите параметри, преживувањето во тие услови и на таа морска температура е можно најмногу 12 часа – изјави Златко Царевиќ од хрватскиот Национален центар за усогласување на трагање и спасување на море.
Comments are closed for this post.