Само десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа е сосема оправдана, коментираат од грчката опозициска партија по ставовите на министрите од владата на Нова демократија во врска со договорот, изразени за време на вчерашната панел дискусија на конференцијата на „Економист“, на која учествуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, јави дописничката на МИА од Атина.
Од СИРИЗА, на Нова демократија ѝ посакуваат „среќно враќање во реалноста и на цврстата национална позиција во надворешната политика на земјата“.
Седум месеци Нова демократија и господинот Мицотакис се препуштија на неверојатен квази-патриотизам, поттикнувајќи ги национализмот и радикално десничарските теории на заговор за да уловат гласови од радикалната десница. Отидоа толку далеку дури и да говорат за размена за некратењето на пензиите со потпишување на Договорот од Преспа. Само десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа е сосема оправдана. Сега, министрите од НД говорат за „корисни начини на соработка за двете страни“ (Варвициотис) и за „една подобра иднина за двете земји“ (Панајотопулос), соопштуваат од СИРИЗА.
Comments are closed for this post.