Неколку илјади пожарникари се борат со шумски пожари во Грција, а најголемиот е на островот Евија, северно од Атина, што се уште е вон контрола.
Според денешни информаци од грчки медиуми, ситуацијата е малку подобра.
Се чини дека ситуацијата е подобра, пожарникарите направија големи, натчовечки напори, изјави регионалниот гувернер за цернтрална Грција, Костас Бакојанис за телевизијата Скај.
Бакојани изјави дека пожарите биле исклучително тешки за гаснење, но истакна дека човечки животи не се загрозени.
Во Грција избувнаа 56 пожари во рок од 24 часа помеѓу понеделникот и вторникот.
„Катимерини“ го нарече пожарот во централна Евија како голема катастрофа за животната средина. Пожарот зафатил фронт од 12 километри и прогласена е вонредна состојба.
Пожарот во Евија синоќа беше надвор од контрола во близина на селата Макримали, Контодеспони, Платани и Ставрос, кои заедно со еден манастир беа евакуирани.
Околу 500 жители на областа беа евакуирани до пладне во вторникот. Некои беа евакуирани со полициски автобуси, додека други користеа свои возила.
Пожарот го гаснат 280 пожарникари, доброволци, војници, шест канадери и шест хеликоптери.
Шумски пожари се надвор од контрола во најмалку четири други грчки региони. Во изминатите три дена пожарникарите интервенирале 182 пати.
Comments are closed for this post.