Бугарската новинарка Викторија Маринова била брутално убиена во саботата, околу пладне, во градот Русе, во северниот дел на земјата. Според извештаите на локалните медиуми, нејзиното тело е пронајдено во близина на реката Дунав на тешко достапен терен. Жртвата била наводно силувана, претепана и потоа задавена.
Таа била претепана со такво насилство што лицето и било непрепознатливо и не била идентификувана сѐ до минатата ноќ. Регионалниот обвинител на Русе, Георгиј Георгиев, изјави за новинарите дека смртта е предизвикана од удари по главата и задушување.
Недостигаа мобилен телефон, клучеви за автомобили, очила и дел од нејзината облека, рече Георгиев, додавајќи дека нема информации што укажуваат дека кривичното дело го сториле повеќе од едно лице.
Викторија Маринова беше административен директор на телевизијата во Русе. Таа неодамна започна со своја емисија наречена “Детектор”, за последен пат емитувана на 30 септември. Во таа прилика, таа имаше интервју со бугарскиот новинар Димитар Стојанов од веб-страницата Бивол и романскиот новинар Атила Биро, член на проектот РИСЕ за истражувачко новинарство во Романија.
Стојанов и Биро беа уапсени минатиот месец од страна на бугарската полиција во близина на Софија поради тоа истражувале уништување на документи кои, се чини, откриваат корумпирани практики од страна на приватна компанија за изградба на патишта, осомничена за извршување измами со европски фондови.
Comments are closed for this post.