Поранешните европратеници Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, во српското Собрание во Белград ја почнаа дводневната посредничка мисија зад затворени врати со претставници на опозицијата и власта, за да врз основа на сопственото искуство во решавањето на политички кризи во регионот, утврдат дали има желба да се прифати помошта на ЕУ во унапредување на работата на собранието – пишува весниот „Данас“.
Основачот и главен уредник на порталот „European Western Balkans“, Немања Тодоровиќ Штиплија, објаснува за весникот дека Кукан и Флекенштајн доаѓаат во предмисиј“, за да ги слушнат главните проблеми и за да ја утврдат фактичката состојба. Штиплија вели дека Кукан и Флекенштајн биле избрани затоа што се многу искусни во вакви работи, затоа што веќе водеа преговори меѓу властите и опозицијата во Македонија, како и во времето на најголемата политичка криза во Албанија, пред изборите и пред најавените уставни измени.
Според него, единственото нешто по што е разликата, кога се споредува тогашната политичка состојба во Македонија и актуелниот политички момент во Србија, е фактот дека во Скопје постоеше голема опозициска партија.
Она што тогаш најмногу ги поттурна преговорите во Македонија, беа протечените аудио снимки од разговорите помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски, членови на владата и безбедносните служби, со кои се докажа корупцијата и злоупотребата на службената должност. Да не беа тие снимени разговори, власта и опозицијата немаше да седнат на маса – оценува Штиплија.
Според него, тогашниот македонски премиер Никола Груевски се согласил на разговори затоа што сметал дека и покрај изменетите изборни услови, повторно ќе победи.
Мислам дека Српската напредна партија (СНС) и нејзиниот лидер Александар Вучиќ никогаш нема да ги повторат истите грешки што ги направи ВМРО – ДПМНЕ во Македонија. Секако, ситуацијата во Македонија во тоа време и сегашната состојба во Србија не е многу различна. Се разбира, таму има „албански фактор“, но тоа не го менува начинот на кој власта управуваше со земјата, ги контролираше медиумите и целосно ги парализираше државните институции и парламентот – објаснува Штиплија, додавајќи дека моделот кој е применет во Македонија е целосно копиран во Србија.
Со сличен став е и Никола Буразер, уредник на порталот „European Western Balkans“, кој за „Ал џезира“ оцени дека ситуацијата во Србија е важна за Брисел заради можноста за продолжување на дијалогот со Приштина и постигнување договор за нормализирање на односите во блиска иднина.
Доколку кризата во Србија ескалира и сериозно ја загрози иднината на овој процес, верувам дека Брисел ќе биде подготвен активно да се вклучи за решавање на истиот за да обезбеди следната влада да има целосен легитимитет за решавање на косовското прашање – вели Буразер.
Comments are closed for this post.