Претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, изјави дека се уште не добил ново хашко обвинение за непочитување на судот, но дека е подготвен да одговори на повикот доколку Механизмот за меѓународни кривични судови се пресели во побезбедна земја како што е Авганистан.

Бидејќи Велика Британија наскоро ќе потоне во морето, а огромен бран на Северното море ќе ја облее цела Холандија, јас во тој момент нема да бидам во Шевенинген, изјави Шешељ на Срна.

Тој изјави дека најбезбедно ќе се чувствува во Авганистан и предложи Механизмот да се пресели во таа земја.