Словенечкиот премиер, Марјан Шарец, ја спореди ситуацијата во Европа со онаа пред започнувањето на Втората светска војна, кога европските политичари не му се противеле на Хитлер.
Шарец оцени дека ЕУ во иднина мора побрзо и поодлучно да носи одлуки, за да може да одговори на големите предизвици на денешницата.
Популистите во Европа напредуваат бидејќи умерените партии и политичките сили не беа успешни и доволно проактивни во изнесувањето на своите агенди. Ако само седиш и чекаш што ќе се случи, тогаш популистите се многу гласни и добиваат многу политички простор – истакна Шарец.
Словенечкиот премиер смета дека денешните доминантни европски политичари и официјални претставници на Унијата бавно одлучуваат во новите историски околности.
На ЕУ и треба ново и поефикасно раководство, ако сака успешно да му се спротивстави на популистичкиот бран и се поголемото влијание на Русија и Кина – изјави Шарец.
Според словенечкиот премиер, „ако ЕУ се распадне, тогаш сите ќе пропаднеме. Тоа е брутално, но вистинито“.
Comments are closed for this post.