Кумот на Шабан Шаулиќ, Зоран Стојадиновиќ вели дека пејачот часовите пред несреќата цело време бил нервозен и како нешто да претчуствувал.
До 3 часот и 30 минути имаше настап во клубот. Потоа отидовме во хотелот и ми рече да го разбудан во 6 и 15 часот. Се разбудив и во тој момент Шабан ми тропа на врата, подготвен и луто ме праша: Човече зошто не ме будиш. Го прашав зошто брзаш, а тој ми одговори дека брзаме иако до полетувањето на неговиот авион има уште три часа-раскажува кумот.
Кога тргнале Шабан седел напред а Зоран позади него. Возачот се жалел дека светлата не му работеле како што треба. Патот се стеснувал и во тој момент возило со голема брзина ги удрило одзади.
Comments are closed for this post.