Полициски службеници и двајца обвинители од Кантонот Сараево го завршија увидот на местото каде синоќа во престрелка со полицијата беше убиен најбараниот бегалец во Босна и Херцеговина, Един Гачиќ.
Како што се наведува, Гачиќ бил добро опремен и вооружен кога влегол во размена на оган со полицијата.
„Се работеше во отежнати услови. Екипата на местото стигна пеш поради снег на коловозот. Телото е пренесено со погребна кола откако беше симнато на локација одалечена километар и пол до патна комуникација“, изјави порттпаролката на обвинителството Азра Бавчиќ
Се наведува дека Един Гачиќ бил исклучително добро опремен и вооружен за време на престрелката. На себе носел волна, која го заштитувала од студеното време во земјанка во која се криел, а против полицијата употребил кратка автоматска пушка и пиштол кој го земал од полицаецот „Махир Бегиќ“ откако го убил.
Според количината на муниција и чаури коа биле распоредени околу него откако е ликвидиран укажува дека бил добро опремен и се подготвувал за крвавиот поход.
Во текот на денот ќе биде извршена обдукција за да се утврди од кои повреди Гачиќ починал.
Потсетуваме, повеќе кратниот убиец Един Гачиќ, по седумдневна потрага, синоќа беше ликвидиран по престрелка со полицијата.
Comments are closed for this post.