Три лица, меѓу кои и обвинителот на Драч, Арјaн Ндоја, се повредени доцна попладнево, откако неидентификувани напаѓачи, во близна на градот, кај надвозникот во Шкозен, пукале во возило што се движело од Драч кон Тирана.
Според албанските медуми во возилото во кое бил обвинителот било пукано од возило во движење марка „Мерцедес бенц“.
Полицијата постави контролни пунктови на неколку места на плажите во Драч и интензивно ги бара напаѓачите. Откако во градот престојуваа висок полициски раководители вклучена е специјалната единица „Ренеа“.
Медиумите додаваат дека најверојатно цел на нападот бил Ндоја, кој во неколку наврати постојано се поврзуваше со организираниот криминал, за што зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Comments are closed for this post.