По соопштување на одлуката на Изборниот колегиум дека ќе се одржат избори на 30 јуни, првата реакција доаѓа од кабинетот на шефот на албанската држава Илир Мета.

Теди Блуши, портпарол на претседателот Мета, одлуката ја оцени како „оркестиран скеч“.

Не е никакво изненадување од последователниот оркестриран скеч, напиша Блуши на социјалните мрежи.

Од кабинетот најавија дека претседателот Мета утре претпладне ќе одржи прес-конференција.

Претходно, Изборниот колегиум ја потврди одлуката на Централната изборна комисија со која се отфрла барањето на лидерот на Партијата за национално единство, адвокатот Идајет Беќири, ова политичка сила да се избрише од гласачките ливчиња.

Со одлуката на Колегиумот всушност се отфрла и уредбата на Мета за одложување на изборите.

Инаку, Беќири по излегување од седницата на Изборниот колегиум за медиумите изјави дека неговата партија ќе учествува на изборите на кои свои кандидатски листи за советници има во сите општини.

Не постои ниту една друга институција каде може да се жалиме, затоа принудени сме да учествуваме на изборите како и сите Албанци, рече Беќири.