Бирото за статистика на Холандија објави дека само во септември 2018 имало повеќе од 200 барања за азил од страна на Албанци. Албанските власти коментираа дека уште позагрижувачко е што половина од азилантите се деца помлади од 18 години, што покажува дека новодојденците во Холандија се семејства или млади брачни двојки.
Според податоците на статистичкото биро во текот на 2018 вкупно 560 Албанци побарале азил во Холандија со што тие се петтата најголема група баратели на азил. Се смета дека голем број од нив бараат азил во Холандија само како прва дестинација, а потоа најчесто за селење ја избираат Велика Британија.
Инаку, популацијата во Холандија годинава е зголемена за 81.000 лица, најмногу заради имиграцијата од европските земји. Во периодот во првите девет месеци од годинава се родиле 11.000 бебиња повече отколку што имало починати.
Comments are closed for this post.