Граничниот премин Јажинце на границата помеѓу Македонија и Косово околу новогодишните празници бележи дневна фреквенција до 2 000 лица кои влегуваат и излегуваат од нашата држава. На првиот ден од 2021 година имало 1 547 лица кои излегле или влегле во државава од тој граничен премин. Во неделата за 24 часа се бележат 1 999 кои излегле или влегле во Косово.
-За 24 часа на 1 јануари 2021 од 1 547 луѓе кои излегле или влегле во државата, 1 030 се државјани на Северна Македонија, додека 517 се странски државјани. Во текот на вчерашниот ден од 1 999 граѓани, 1 406 се наши државјани додека 593 се странски државјани, информира Жарко Трпевски, командир на ГП Јажинце.
На првиот ден од 2021 од 1 030 македонски државјани 464 влегле, а 566 излегле од државата. Вчера од 1 406 лица, 610 влегле додека 796 излегле. Границата се преминува без ПЦР тест.
Во октомври кога беше овозможено влез и излез без ПЦР тест на преминот се евидентирани и над 3 000 преминувања на границата.
Comments are closed for this post.